Роман Полански фаворит за годинашните „Сезар“ награди

Од:

Во Париз денеска ќе биде одржано 45. доделување на „Сезар“ наградите на француската Академија на филмски уметности.

Настанот годинава се одржува во сенка на тензиите околу неодамнешната колективна оставка на управата на Академијата.

На свеченоста нема да присуствува и култниот режисер Роман Полански, чијшто филм „Ј’accuse” (Обвинувам) има 12 номинации, меѓу кои и оние за најдобар филм, режија и адаптирано сценарио. Полански одлучи да не дојде на доделувањето оти движења за правата на жените најавија протести против него. Против познатиот режисер се водат неколку процеси за сексуално злоставување.

Филмовите „Les Miserables” (Бедници) на Лаџ Ли и „La Belle epoque” (Убава епоха) на Никола Бедо имаат по 11 номинации. За најдобар филм, номинирани се и „Grâce à Dieu“ (Со Божја милост), „Hors normes“ (Посебни), „Portrait de la jeune fille en feu“ (Портрет на огнената дама) и „Roubaix, une lumière“ (Рубекс, светлост!).

За најдобар глумец номинирани се Жан Дижарден, Даниел Отеј, Дамиен Бонар, Венсан Касел, и Реда Катеб. За најдобра глумица, номинирани се Адел Енел, Ноеми Мерлан, Анаис Демустје, Ева Грин, Кјара Мастројани и Дорија Тилие.

„Сезар“ е француска национална филмска награда, установена 1975 година, за којашто предвид се земаат филмовите од претходната година. Честопати се нарекува и „француски Оскар“. Номинациите ги одредува француската Академија на филмски уметности. Наградите го добиле името по скулпторот Сезар Балдакини (1921 – 1998).

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето