Рокот за пријавување на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата продолжен до 11 ноември

Од:

Министерството за култура го продолжува рокот за поднесување пријави на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година. Рокот за електронско поднесување на пријавите се продолжува до 11 ноември 2021 година, до 12 часот.

Продолжувањето на рокот, како што посочи Министерството за култура, е со цел да им се обезбеди подолг временски период на апликантите што имаат потреба од тоа зашто електронското поднесување на пријавите за сите е ново искуство и целиот процес мора да биде беспрекорно изведен.

– Министерството за култура од годинава првпат воведе електронска апликација за конкурирање. Пред распишувањето на Годишните конкурси беа одржани обуки за корисниците во центрите за култура низ државава и во Скопје. Од почетокот на Конкурсот, за техничка поддршка се отворени двe телефонски линии на кои корисниците ги добиваат потребните информации, а консултации се вршат и преку електронската пошта по одделни дејности, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Битолскиот суд забрани ископ од концесионерот на локалитетот Влахо во Новаци

Ана Ололовска

Костадиновска-Стојчевска: Општина Охрид да ја преиспита изградбата на објект во Лагадин, до конечната одлука таму да нема активности

Ана Ололовска

Балканскиот институт за вера и култура организира серија предавања насловени „Биднина“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски и Костадиновска-Стојчевска: Културата останува приоритет, а буџетот за 2023 не го оптоваривме со долгови

Ана Ололовска

Костадиновска-Стојчевска: Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани добива целосно нов изглед

Ана Ололовска

Швајцарската драма „Сигурност“ во Охрид

Ана Ололовска