Ристо Василевски и Веле Смилевски македонски учесници на Московскиот фестивал на словенските поезии

Од:

Вчера во Москва заврши Дванаесеттиот меѓународен фестивал на словенските поезии на кој учествуваа и македонските поети Ристо Василевски и Веле Смилевски.

– Годинашниот фестивал, одржан во онлајн издание, со поетски читања и дебати, беше посветен на новите трендови во словенските поезии, на интензивирање на соработката и меѓусебното преведување, како и на можното проширување на творечките контакти преку писателските асоцијации во словенските земји, информираат македонските учесници.

Покрај македонските поети Ристо Василевски и Веле Смилевски, на фестивалот, меѓу другите, настапија и Радомир Андриќ и Љубиша Симиќ од Србија, Алекс Бадак и Валериј Липневич од Белорусија, Цветка Бевц од Словенија, Елка Наголова од Бугарија, Будимир Дубак и Радомир Уљаревиќ од Црна Гора, Рената Цинаг од Полска, Теодор Крижка од Словачка, како и Вјачеслав Купријанов, Ирина Ковалева, Евгениј Чигрин и Ала Шешкен од Русија.

– Основач и уметнички раководител на Фестивалот на словенските поезии е познатиот руски поет Сергеј Главјук, составувач на десеттоманата антологија на словенските поезии објавена на руски јазик. Избор од поезијата на Главјук е објавен на македонски јазик во превод и со предговор на Гане Тодоровски. Овој поет е од редот на плејадата светски автори учесници на Струшките вечери на поезијата, истакнуваат нашите учесници.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска