„Револуција во живо” – интернационален видео проект на режисерката Теа Беговска

Од:

Интернационалниот видео проект „Револуција во живо” на режисерката Теа Беговска работен со театарска екипа во online форма ќе има своја премиера во живо на социјалните медиуми со превод на англиски јазик на 30 септември.

Режисерката Теа Богоевска информира дека ова е прва онлајн изведба во живо која собра актерска екипа од пет држави: Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Франција, Мексико и Турција. Во проектот исто така учествуваат и други актери, музичари и уметници од сите пет држави.

– Во овој видео проектот се обработуваат пет теми: љубов, верба, надеж, храброст и вистина. Секој од актерите на свој начин, преку своето искуство зборува на овие теми, секој на својот мајчин јазик. Станува збор за спој на актери од различни генерации кои преку овие теми зборуваат за нивната професија сакајќи да укажат на некои работи кои можеби сме ги заборавиле. Ова е нивната револуција за театарот, за актерите. Во online форма, премиерата ќе можете да ја проследите со превод на англиски јазик во среда на 30 септември 2020 година, се вели во најавата на видео проектот на режисерката Теа Богоевска.

Проектот е подржан од Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска