Краткометражниот филм „Влакна“ на Елеонора Венинова и „Ова не е американски филм“ на Сашо Павловски вечер ќе ја отворат Ревијата на македонски филмови, што ќе се одржува до 7 јули во Берово.
Ревијата на македонски филмови е во рамки на летната културна програма на општина Берово, а во соработка со Министерството за култура, Агенцијата за филм на Република Македонија и Кинотеката на Република Македонија.
Публиката ќе има можност да ги проследи филмовите од новата македонска продукција, а во соработка со Гете институтиот и Кинотеката на Македонија најмладите ќе уживаат во детската програма „БУФ“.