Ретроспективна изложба на Владимир Темков во Чифте амам

Од:

Во Чифте амам вечер во 20 часот ќе биде отворена  ретроспективна изложба, 40-годишен опус, на Владимир Темков.

Владимир Темков е присутен на македонската и поранешната југословенска ликовна сцена од 1980 година и јубилејно 40 години од неговата прва самостојна изложба.

Тој е основач и организатор е на Меѓународната ликовна колонија, „Кавадарци-Михајлово“ од 1996 година.

Организатор е на првата Ликовна колонија 1982 година во рудник Ржаново, с. Мрежичко, Кавадарци.

Исто така и претседател на Друштво на ликовни уметници на Кавадарци, како и потпретседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија од областа на ликовната уметност. Има учествувано на голем број ликовни колонии, симпозиуми, семинари и друго. 

Би можело да ве интересира

Вечерва изложба на Ферди Булут во КИЦ Битола

Горан Наумовски

Започна Интернационалниот литературен фестивал „Про – ЗА Балкан“

Изложба на Тања Балаќ

Изложба на Киро Урдин во Букурешт

Отворена изложбата на дигитални слики Особеност на Игор Поп Трајков

Изложба на дела од сликарот Родољуб Атанасов