Ретроспективна изложба на „Остен“ за 50 години Светска галерија на карикатури

Од:

Во Чифте амам вечер од 19 часот ќе бидат отворени ретроспективна изложба „50 години Светска галерија на карикатури (1969-2019)” и изложба на 270 селектирани меѓународни уметници од Остен Биеналето на цртеж „Скопје 2018“.
Настанот е во пресрет на одбележувањето половина век од Светската галерија на карикатури и Остен биеналето на цртеж „Скопје 2018“.

Ќе бидат врачени награди и признанија на наградени уметници, карикатуристи и соработници на Остен уметност на хартија. Наградени се четворица уметници од Македонија (Родољуб Анастасов, Дарко Талески, Милан Андов и Невзат Бејтули Кица); по двајца од Италија (Пасквале Селона и Франко Векиет), Германија (Барбара Крол и Хелен Шулкин), Полска (Себастијан Лубински и Агњешка Х. Јанкиевич), Бугарија (Трајана Панајотова и Светла Радулова) и по еден уметник од Холандија (Херман Нордермер), Грција (Харис Кондосфирис), Србија (Тијана Којиќ), Русија (Олга Тобрелуц), Обединетото Кралство (Петре Николоски), Турција (Ахмет Албајрак) и од Јужна Кореја (Босук Ли).

Награди ќе добијат и десет карикатуристи: Владимир Боројевиќ, Златко Крстевски и Блаже Докулевски од Македонија; Недељко Убовиќ од Србија; Дамир Новак и Ратко Маричиќ од Хрватска, Дарко Дрљевиќ и Лука Лагатор од Црна Гора и Иваило Цветков и Милко Диков од Бугарија.

На настанот ќе учествува и ќе се обрати премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Изложба на наградените карикатури на „Остен“ во изминатите 50 години

Ана Ололовска

Награди на „Остен“ од 51. Светска галерија на карикатури – Скопје 2019

Ана Ололовска

Изложба „50 години Светска галерија на карикатура Скопје 1969 – 2019“ во Прилеп

Ана Ололовска

Павилјон на „Остен“ на Венециското биенале

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев на Светската галерија на карикатури: Остен е културен бренд

Ана Ололовска

Светската галерија на карикатури е незаобиколна точка на мапата на светот од Балканот како срце на уметноста

Ана Ололовска