Репризни проекции на филмовите наградени на „Киненова“

Од:

Во Кинотеката на Македонија утре и задутре репризно ќе бидат прикажани три филма што беа наградени на третиот Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“, кој заврши минатата недела.

Од 20 часот утревечер е проекцијата на апсолутниот победник на годинашниот фестивал – „Блискост“ на рускиот режисер Кантемир Балагов, кој ги доби трите главни награди: најдобар филм, најдобро сценарио и најдобра режија.

– За овој контроверзен филм во Русија се вели дека „не е баш добро да се прикажува, но кога веќе мора, тоа нека биде без голема помпа“. Секаде каде што е прикажуван публиката жестоко реагирала, а дел од нив и не можеле да го догледаат поради жестокоста со која и пристапува на темата, наведува „Киненова“ за филмот на Балагов, кој произлезе од филмската академија на познатиот руски режисер Александар Сокуров.

В недела во Кинотека ќе има две проекции – од 18 часот е перуанскиот „Ретабло“ на Алваро Делгадо Апарисио – приказна која низ визуелно супериорен пејзаж на Андите раскажува за малите луѓе и нивните неоткриени тајни.

Во 20 часот в недела ќе биде прикажан и бугарскиот филм „Ага“ на Милко Лазаров, кој досега има освоено седум награди на фестивали, меѓу кои и „Срцето на Сараево“ на Сараевскиот филмски фестивал.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето