„РеПлатформа“ – едукативно-уметничка соработка на предавачи од САД и студенти од ФМУ

Во рамки на програмата „Номад ту Номад“, која е активност на кореографката Искра Шукарова и дел од НВО Номад танц академија Македонија и Факултетот за музичка уметност на УКИМ, од 11 до 15 ноември предавачи гости се Чарлс Слендер Вајт и Лијан Бурнс од САД.

Тие ќе работат со студентите од отсекот за современ танц на Катедрата за балетска педагогија при ФМУ, на современиот танцов перформанс „РеПлатформа“, а петдневниот едукативно-уметнички процес студентите ќе го претстават на изведба в петок (16 ноември) во фоајето на ФМУ од 20 часот.

Новиот проект кој ќе го создадат заедно со студентите е инспириран од композициската рамка која Чарлс Слендер Вајт и Лијан Бурнс веќе ја имаат креирано како дел од нивниот современ танцов дует „Платформа“.

Главна цел на програмата „Номад ту Номад“ е да овозможи видливост на Катедрата за балетска педагогија при ФМУ преку прикажување танцов процес во соработка со реномирани педагози и кореографи од странство.

Досега беа реализирани неколку успешни перформанси на Шукарова како професор на ФМУ и кореографи од странство, како „Проект М” со Грегор Каминикар од Словенија и „Чудна шума” со Урсула Еагли од САД.

Би можело да ве интересира

Ќе се реставрира „Ноќната стража“ на Рембрант

Ана Ололовска

Утврдена програмата за Демирхисарска летна школа

Ана Ололовска

Заврши меѓународната ликовна колонија во Гевгелија

Ана Ололовска

Почнува 35. интернационална ликовна колонија „Дебрца 2019“

Ана Ололовска

Десет уметници творат на 18. Меѓународна ликовна колонија во Гевгелија

Ана Ололовска

Изложба на слики по повод 45-годишен јубилеј на Стеван Цигаридов во Куманово

Ана Ололовска