Размена на облека и проекција на документарецот „True Cost“

Од:

Тимот на „Fashion Revolution Macedonia“ денеска од 16 – 20 часот во „Јавна соба“ организира настан, каде ќе се разменува облека во име на поголема свесност за модата и ќе се прикажува документарниот филм „True Cost“, кој ја доближува реалноста зад убавото лице на модниот
свет и производството во модната индустрија.

„Fashion Revolution Macedonia“ има за цел да ја зголеми свесноста меѓу потрошувачите за купување квалитетна облека која би траела подолго, наместо „fast fashion“ модни парчиња кои навидум се евтини, а понекогаш се употребуваат само еднаш.

– Продолжувањето на векот на гардеробата придонесува за намалување на загадувањето на животната средина, со оглед на тоа што модната индустрија е втор по ред загадувач во светот. Секој мал чекор е придонес за поддржување на одржливата мода, соопштуваат организаторите.

Влезот на настанот е слободен и директно учество во размената на облека не е задолжително.

Организаторите потенцираат дека за учество во размената на облека, истата треба да е чиста и во добра состојба, при што можете да донесете минимум едно, а максимум пет парчиња. Облеката која нема да најде нов сопственик за време на настанот ќе биде донирана на организацијата „Љубезност“.

Покрај размената на облека, како што соопштуваат, на настанот ќе има прикажување на документариот филм „True Cost”, каде се зборува за неколку аспекти на модната индустрија – почнувајќи од процесот на изработка, каде најголем дел е насочен кон работните услови на текстилните работнички во земјите во развој, па сè до ужасните последици кои произлегуваат како резултат на тоа – загадување на животната средина, болест и смрт.

– „Fashion Revolution Macedonia“ е дел од глобалното движење Fashion Revolution, кое се залага за модна индустрија која подеднакво ги вреднува човечкиот капитал, животната средина, креативноста и профитот. Ја слави модата, но истовремено има за цел да ја подигне свеста за најгорливите проблеми, да покаже дека промената е можна и да ги охраби сите засегнати страни во создавање на поголема одржливост и етичност во модната индустрија, информираат организаторите.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Почна снимањето на документарецот за Еми Вајнхаус

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска

Снимање на краткиот документарец „Возот кој никогаш не дојде“

Ана Ололовска

„Крпен рурален живот“ – краток документарец за борбата на руралната жена во општеството

Ана Ололовска