Распишан конкурсот за наградата „Даница Ручигај“

Од:

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга.

Во конкуренција за ова признание ќе влезат книгите на поетесите, членки на ДПМ, објавени од мај 2014 до мај идната година. Наградата ќе се доделува на 5 мај, роденденот на поетесата Даница Ручигај.

Неодамна ДПМ формира Клуб на писателките што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај. Одлуката за формирање на Клубот е донесена по повод 80-годишнината од раѓањето на оваа поетеса, која животот трагично го заврши во скопскиот земјотрес, на 29 годишна возраст.

Како што наведуваат од ДПМ, со работата на Клубот се овозможува поголема вклученост на писателките во програмските активности на Друштвото и поширока презентација на нивното творештво пред љубителите на пишаниот збор.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање