Распишан конкурс за најдобра песна на „Празник на липите“

Од:

Во пресрет на одржувањето на традиционалната поетска манифестација „Празник на липите“, Друштвото на писатели на Македонија распишува награден конкурс за најдобра необјавена песна што ќе биде прочитана на манифестацијата.

Поетските дела не подлежат на никакви тематско-мотивски или стилски ограничувања. Учество може да земат сите членови на ДПМ, а изборот ќе го изврши трочлена стручна комисија. Победничката песна ќе биде наградена на поетското читање во рамки на манифестацијата „Празник на липите“ што ќе се одржи на петти јуни оваа година.

Песната треба да се испрати во четири примероци на адреса: ул. „Максим Горки“, бр. 18, 1000 Скопје или преку електронска пошта на адресата [email protected] најдоцна до 25 мај 2019 година.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска