Расказот „Базен“ на Томислав Османли објавен во грчкото списание „Енекен“

Од:

Во најновиот, 51-ви број на авангардната ревија за култура и уметност „Енекен“ од Солун е објавен расказот „Базен“ на македонскиот писател Томислав Османли. Станува збор за проза од циклусот холокауст повести кои нашиот автор ги објави во збирката „Светилка за Ханука“. Расказот од англиски јазик го преведе Тула Папанду.

Расказот кој ги слика и разглобува интимните разгроми на еден од предводниците на депортацијата на македонсите Евреи, Константин З. е впечатлива проза во која авторот го користи мотивот на изградбата на базен од надгробни плочи на уништените еврејски гробници. Прагматичниот чин се извртува во апсурд, водата на базените не ги покрива, туку ги увеличува хебрејските натписи, а имињата на покојниците непрекинато ги потсетуват пливачите на трагедијата која е во тек. „Базен“ е психолошка повест раскажана од аспектот на злосторникот. Главникот лик Константин З. е клучниот, иако неволен организатор на депоратацијата на македонските Сефарди во 1943 година испратени во логорот Треблинка. Фокусното место на дејствието е тогаш изградениот базен од еврејски нагробни плочи, во бањата Кежовица во Штип во кој злостоникот залудно се обидува да најде релаксација од интимните проблеми и од неподнослио тешкиот товар на совеста. Така и овој, како и другите базени градени за време на нацистичките и на фашистичките окупации и на други места, поплочени со надгробните споменици на одамна упокоените, стануваат лупа за несмирените совести на носителите на расната, верска и етничка омраза…

Оваа книжевна творба на Османли е објавена на осум јазици. Покрај нејзината оригинална објава на македонски, таа беше преведена и објавувана во национални и во меѓународни публикации од Брисел, до Аргентина и до Ерусалим. Преведена е на англиски, српски, словенечки, хрватски и на јудео-шпански или Ладино, јазикот на Евреите Сефарди кој се зборувал и во Македонија. Грчкот превод е осмата јазична објава на расказот „Базен“.

Одговорниот уредник на списанието писателот и социјален активист Јоргос Јанопулос, на авторот му упати честитка за, како што вели, овој одличен текст што со толку многу чувствителност и храброст нè потсетува на искуството за прочистување и достоинство што го има литературата на која ѝ служит со страст и со посветеност“.

Д-р Исак Нехама, преживеан од холокаустот над солунските Сефарди кој живееше во Вашингтон и како ветеран на холокаусот волонтираше во тамошниот Музеј на холокаустот, во својата порака со впечатоците за оваа проза тврди дека потресноста на расказот „Базен“ потекнава оттаму што авторот во него успеал да ја оствари книжевна парадигма што впечатливо ја изразува идејата за баналноста на злото на знаменитата мислителка Хана Арендт, позната пред сѐ по своите дела, но и по жестоко осудената љубовна врска со политички потклекнатиот, знаменит германски филозоф Мартин Хајдегер. По игра на случајот и најновиот бојот на „Енекен“ во кој е објавен расказот „Базен“ е посветен на критикана на Хајдегер кој од слободен мислител, Хителеровиот режим го претворил во сопствен инструмент.

Инаку, „Енекен“ е ангажирана меѓународна ревија за култура и општествени прашања и претставува дел од издавачка куќа и културен центар од Солун, предводена на уредникот и писател Јоргос Јанопулос. Во ова списание кое се објавува повеќе години, биле објавувани литературни прилози на неколку македонски автори. Томислав Османли во ова авангардно списание кое се појавува во Солун, досега објавил три свои книжевни прилози.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска