„Рајмонда“ во МОБ на 26-ти март

Од:

Во вторник, 26 март, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Рајмонда“ од Александар Глазунов.

Раскошна балетска класика…

„Рајмонда“ е балет во два чина. Светската премиера е одржана во Маринскиот театар во Санкт Петербург, во јануари, 1898 година. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на Романтизмот. Во драмите (приказните) на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа.

„Рајмонда“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Марија Кичевска Шокаровска и Васил Чичијашвили од Грузија. Во улогата на Абдурахман, ќе настапи гостинот од Италија, Давиде Буфоне. Улогата, Бела Дама ќе ја толкува Наташа Јосифовска. Настапуваат истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ.

Диригент е Едуард Амбарцумјан од Русија.

„Рајмонда“ е претстава со прекрасни костими и спектакуларна сценографија, што ги изработи атељето на МОБ, под менторство на гостите од Украина, Гана Ипатиева и Андреј Злобин.

Би можело да ве интересира

Балет „Дон Кихот“ на 6. декември на големата сцена на Националната опера и балет

Ана Ололовска

Балетот „Дон Кихот“ на 6 декември на големата сцена на Националната опера и балет

Ана Ололовска

В петок изведба на „Дамата со камелии“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Балетскиот спектакл „Клеопатра“ на 16-ти ноември во Национална опера и балет

Ана Ололовска

Премиера на обновената „Кармен“ со Ирена Кавкалеска во насловната улога

Ана Ололовска

Балетот „Дамата со камелии“ повторно во НОБ

Ана Ололовска