Раде Шербеџија добитник на наградата „Актер на Европа“

Од:

Хрватскиот актер Раде Шербеџија, кој неодамна доби и македонско државјанство, е добитник на главното признание на годинешниот Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа“ кој по дванаесетти пат ќе се одржи од 6-ти до 11-ти јули во Ресен.

Фестивалот „Актерот на Европа“ беше покренат во 2003 година, од страна на неколку балкански и европски театарски сонувачи, во духот на мислата на Жан Моне „Да се гради Европа значи да се гради мир”.

По прогласувањето од страна на Европскиот парламент на Преспанско Езеро за меѓуграничен европски парк меѓу Грција, Албанија и Македонија, Преспа стана нов театарски хоризонт на европеизацијата на Балканот, ќе рече еден од покренувачите на манифестацијата, Јордан Плевнеш.

Почнувајќи од далечната 2003 година, за „Актер на Европа“ беше прогласен легендарниот балкански актер Љуба Тадиќ од Србија, потоа Мариус Куркински од Бугарија, Бајруш Мјаку и Ѓорѓи Јолевски од Македонија, Моника Санторо од Италија, Костас Гакидас од Грција, Зијах Соколовиќ од Босна и Херцеговина, Роже Мирмон од Франција, Брус Маерс од Велика Британија, а лани Ана Патерсон од Шведска.

На фестивалот досега учествувале повеќе од 120 претстави од речиси сите европски земји. Фестивалот се одржува во организација на „Езеро без граници“, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА и Општина Ресен, а со поддршка на Министерството за култура. Фестивалското жири го сочинуваат Мето Јовановски, претседател на жирито, Мартин Кочовски и Весна Гаврил – членови на жирито.

На 6-ти јули, на свеченото отворање на фестивалот и доделувањето на наградата Актер на Европа 2014 на актерот Раде Шербеџија, ќе биде читана поезија на трите јазици на езерото, а специјални гости ќе бидат Димитри Оргоцка од Албанија, Криса Јоаниду од Грција, Мето Јовановски од Македонија.

Би можело да ве интересира

„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Доаѓа документарен филм за Елтон Џон: „Приказната што досега не била раскажана“

Предраг Петровиќ

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“