Работилница за фотографија за млади креативци

Од:

Работилница за фотографија наменета за креативци до 25 години и насловена „Една фотографија – илјада зборови“ ќе се одржува во Младинскиот културен центар од денеска до недела.  Организатор е  проект платформата за развој на креативните индустрии  „Скопје креатива“ во соработка со регионалната платформа за активизам „Лице в лице“.

Младите креативци ќе имаат можност од професионалниот фотограф Томислав Георгиев да ги научат вештините на уметничкото творење преку фотографија, на теми: демаргинализација, екологија и активизам.  Тие ќе усовршуваат техники, композиција, кадар, план, но и ќе бидат поттикнати да го изразат својот став за реалноста.

– Една од задачите на „Скопје креатива“ е преку низа активности, меѓу кои се и работилници за младите луѓе, директно да го пренесеме значењето за креативните индустрии и можностите кои ги дава спојот на убавото и корисното во општеството, економијата и индустријата, соопшти „Скопје креатива“.

Услов за учество на работилницата е пријавените кандидати да имаат сопствен фотоапарат. Најуспешните дела ќе бидат објавени во уличното активистичко списание „Лице в лице“, а ќе имаат можност и да учествуваат на јавниот повик за избор на најдобра фотографија кој ќе го објави „Скопје креатива“.

Најдобрите фотографии ќе ги селектира стручна комисија и ќе бидат презентирани на изложба во „Галерија 8“, а три од нив ќе бидат наградени од „Никон“.

Би можело да ве интересира

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Конкурс за 59. Денови на македонска фотографија

Ана Ололовска

Граѓански Центар АктивУм објави конкурс за фотографии за старо и ново Куманово

Ана Ололовска

Макрон кртитикуван поради контроверзна фотографија

Фотографијата на Иван Каратанов најдобра на конкурсот на „Транзен“

Ана Ололовска

Прв меѓународен самит за фотографија и видеографија

Ана Ололовска