Првата драмска премиера за годинава во Кичево кон крајот на месецов

Од:

Драмските аматери од Кичево одлучија да ја подготват претставата „Ако останеш дома“ од унгарскиот писател и драматург Карој Сакони, во која на сцената ќе бидат вклучени само двајца актери, потврди Михајло Петрески, носителот на главната машка улога и режисер на претставата.

Претходно тие требаше да ја подготват претставата „Белото Циганче“ од Видое Подгорец, за чија изведба финансиски беа подржани од Министерството за култура, но бидејќи не ги исполниле протоколите за заштита од Ковид-19 биле принудени, како што изјавија, да подготват друга претстава.

-Бидејќи не беа исполнети протоколите за заштита од Ковид-19, бевме приморани наместо драмската претстава„ Белото Циганче“ да подготвиме друга претстава со помал број актери на сцената. Затоа одлучивме да ја подготвиме драмскатата претстава „Ако останеш дома“, истакна Петрески и потсети дека подготовките за претстава ги почнале пред неполн месец.

Подготовката за драмската претстава, потенцира ја почнавме околу 10 септември и до денеска имаме 20 работни дена во кои ја подготвуваме.

– Ако не се случи нешто непредвидено, нашите планови велат дека премиерно драмата ќе биде изведена во третата декада од месец ноември, до кога очекуваме јас и носителката на женската улога Виолета Петкоска, целосно да ја завршиме планираната подготовка и на високо професионално ниво, се претставиме пред кичевската публика, нагласи Петрески.

Тој потенцира дека за женската улога имало неколку кандидатки кои во меѓувреме се откажале да ја одиграат главната женска улога. Додаде дека Виолета Петкоска со своето пејачко искуство ќе придонесе драмската претстава да биде изведена над сите очекувања.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Јубилејни 50 години Театар „Чекори“ со премиера на претстава по делото „Крај на играта”

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ