Четврта самостојна изложба на академскиот уметник Билјана Билбилоска во Охрид

Од:

„Неправилен ритам“ е насловот на изложбата на дела на академскиот уметник Билјана Билбилоска што од денеска ќе биде поставена во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Станува збор за четврта самостојна изложба на Билбилоска, на која ќе бидат презентирани нејзини дела изработени во периодот 2019-2020 година, слики во техника акрил на платно и на картон.

Тематски изложбата води дијалог со музиката, со обид преку аналогија боите и звуците да се сместат во иста рамка и на иста фреквенција.

За изложбата композиторот и режисерот Глигор Кондовски вели дека се работи за дела што прикажуваат прелеани бои во синкопиран ритам, слеани во легатиран хармоничен ритам кои така поврзани создаваат неправилна ритмичка целина. Ликовна конструкција на музички момент.

Билјана Билбилоска е дипломец и магистер на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот графика. Досега имала четири самостојни изложби, а групно се претставувала во Македонија, Србија, Турција, Романија, Франција и во САД. Се занимава со графички дизајн, илустрација и филм.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“