Прва Малореканска летна школа во Тресонче

Од:

„По патеките на Дичо Зографот“ е првата Малореканска летна школа насочена кон едукативните и научно-истражувачките активности во познавањето на делото на Дичо Зограф, нашиот најзначаен зограф од XIX век. Школата ќе се одржи од 31 август до 5 септември, почнувјќи од неговото родно селото Тресонче.

Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, Црковниот одбор и здружението „Брзовец“ од Тресонче, Бигорскиот манастир и Општината Маврово-Ростуше, како организатори на летната школа, информираат дека активностите ќе се одвиваат во Бигорски, во црквата „Св. Ап. Петар и Павле“ во Тресонче, во Гари, Лазарополе, Дебар и во манастирот „Рајчица“.

За оваа година предвидени се работни секции од доменот на историјата на уметноста, мијачката архитектура и ареалната лингвистика.

Првата Малореканска летна школа ќе започне в понеделник на 31 август сo свечено отворање во Меморијалниот парк „Дичо Зограф“ во кругот на црквата „Св.Ап. Петар и Павле“ во Тресонче, во присуство на црковна делегација предводена од епископот Антаниски Партениј, градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски, учесниците на школата, гости и тресончани.

Минатата година на 31 август по повод 200 години од раѓањето на Дичо Зографот бее отворени Меморијален парк, Спомен чешма и Спомен соба. Се одржа трка во планинско трчање „Bistra Trail Ran 2019“, трка во планински велосипедизам од Тресонче до Галичник, Лазарополе и повторно до Тресонче, традиционална тура „Bistra Adventure 2019“.

Дичо Зограф е роден во 1819 година во Тресонче, во чија историја посебно место заземало резбарството и зографството. Дичо, како и најголем дел од мијаците, се стекнал со високо образование и добро ги владеел книжевниот грчки и старословенскиот црковен јазик, а исто така и духовните прашања. Во минатото речиси немало куќа во Тресонче која не се занимавала барем со еден уметнички занает.

Имајќи ја предвид актуелната состојба со епидемијата на Ковид-19 вирусот, организаторите информираат дека ќе се придржуваат до сите пропишани мерки за заштита, а истото се очекува и од учесниците на школата.

Би можело да ве интересира

Перформанс на живи скулптури во Гевгелија по повод Светската недела на детето

Ана Ололовска

Фестивал на урбана култура – МУРАЛ

Ана Ололовска

Отворање на уметничките колонии во Слоештица и во Цапари

Ана Ололовска

Паралелни ликовни колонии во Слоештица и во Цапари

Ана Ололовска

Авторскиот портрет на Константин Плевнеш на Интернационалниот фестивал на фотографијата во Банги

Ана Ололовска

Во Велес ќе се одржи втората Скулпторска колонија „Велес 2020“

Ана Ололовска