Прва ликовна колонија во Домот на млади во Штип

Од:

Во Домот на млади во Штип почна првата ликовна колонија насловена „Колонија на различностите“, која е резултат на соработката на младиот Христијан Митевски и Домот на млади, со поддршка на Министерството за култура.

Учествуваат 30 млади, а целта на тридневната колонија е, како што посочува директорот на домот Горан Трајков, да се спроведуваат активности за инклузија и надминување на стереотипите. Ќе заврши утре во 18 часот со изложба на сите цртежи што ќе ги изработат младите учесници.

– Станува збор за прва ликовна колонија организирана од Домот на млади. Таа ги опфаќа различностите, посебностите, вештините, хуманоста, солидарноста, заедништвото и идеите на заедницата кои можат една општина да ја направат интересно место во кое ќе сакаат да живеат, да работат, да творат, изјави Трајков.

Додаде дека ликовната култура во Домот на млади може да биде столб во подобрувањето на квалитетот на културната понуда за младите од Штип и од поширокиот регион.

Би можело да ве интересира

Повик за учество на уметници во проект за илустрации за родова еднаквост

Ана Ололовска

За Спасовден во Гевгелија се организира онлајн ликовна колонија

Ана Ололовска

Повикот за творби на тема „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“ отворен до 10 јуни

А1он

„Уметнички дневници“ нов проект на Националната галерија

Ана Ололовска

Ликовно-креативен предизвик за заштитата на планетата од отпадните батерии

Ана Ололовска

Македонскиот уметник Златко Крстевски твори и учествува на изложби поврзани со пандемијата

А1он