„Просторот во мене, јас – насекаде“ – изложба на Марија Трајаноска во МКЦ

Од:

Во Галерија МКЦ вечер со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложба на Марија Трајаноска, насловена „Просторот во мене, јас – насекаде“. Изложбата ќе биде отворена до 18 октомври.

-Сликите на Марија Трајаноска се експлозија од поставени прашања за нашето бивствување, нашата осаменост во целината, но и нашето присуство во празнината. Тие се лава што протекува од вулканот на внатрешниот пејзаж. Покрај овие величенствени предели на душевните панорами, јас сакам да ја истражам само фигурата. Таа за мене е клучот за тајната на мистичното сликарство на Марија, вели уметникот Никола Пијанманов.

.Марија Трајаноска е родена на 29 август 1996 година во Кичево. Дипломира во 2019 на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, во класата на проф. м-р Антони Мазневски, со насока сликарство – отсек Конзервација и реставрација.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска