Промовирана стихозбирката „Будност Лотос“ од поетесата Весна Ацевска

Од:

Во Велес синоќа беше промовирана шестата по ред стихозбирка „Будност Лотос“ од македонската поетеса Весна Ацевска во издание на Издавачката куќа „Дијалог“ во 2012 година.

Минатата година Друштвото на писатели на Македонија за оваа стихозбирка Ацеска и ја додели и наградата  „Ацо Шопов“. Во неа главна тема се промислувањата на појавите во духовната сфера со одблесоци од природата.

– Настојував во книгата да се поврзе тоа промислување на светот и на животот со македонската традиција и со македонското книжевно поетско наследство, а инспирацијата ја црпев од светската литература, но и од македонска лирска народна песна, напомена Ацевска.

Поетското дело на Ацевска го промовираше писателот  Бранко Цветковски. Тој  потенцираше дека Ацевска 25 години наназад успешно  го гради својот мудар и сложен, емотивно-хармонизиран книжевен свет во кој говори за траумите на животот.

-Стихозбирката „Будност Лотос“ е така поставена што ги размрдува човечките сетила кон животот, но и човечкиот разум, а истовремено е своевидна поетска порака која се одликува со мудрост, сталоженост и филозофичност, ненаметлива при читањето, појасни Цветковски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска