Промовирана најновата стихозбирка „Тивко како молитва“ на Сузана Мицева

Од:

Синоќа во Струмица беше промовирана најновата стихозборка „Тивко како молитва“ на поетесата и новинарка Сузана Мицева, во издание на „Просветно дело“.

На промоцијата беше кажано дека четвртата стихозбирка на Мицева наликува на циклично патување во внатрешните светови на поетското јас, но таа вели дека се инспирирани од бегалската сага.

-Пишувачите обично трагаат по инспирација, ги истражуваат темите за кои што сакаат да пишуваат. Мене едноставно ми се случи бегалската криза. Најпрво гледајќи го тоа човечко кршење, судбинско распатување на два континента, имав отпор да пишувам. И одеднаш низ нив гледав деца, оставени домови, птици кои умираат во летот, скршени соништа. И молитвените, исповедни песни сами се родија, изјави Сузана Мицева.

Покрај промоцијата на книгата, синоќа беше прикажан и кусиот поетски филм „Бегство“ што Мицева го изработи со снимателот Кире Пиличев, кој е автор на видео материјалот.

Мицева ги има добиено наградите „Антологија на болката“, Меѓународната литературна награда за поезија „Лирични гласови“ за 2018 година во Софија, Бугарија и „Горан Бујиќ“ на Хрватското книжевно друштво од Задар.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон

Нова книга со раскази „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска