Промовирана книгата „Тетовскиот говор“ од Дарко Гавровски

Од:

Со пригодна свеченост вчера во Тетово беше одржана официјална промоција на книгата „Тетовскиот говор – енциклопедиски речник и граматика на тетовскиот градски говор со етнолошки и историски осврти“ на авторот Дарко Гавровски, која во јануари излезе од печат. Трудот претставува збир на 9169 зборови на тетовскиот дијалект кои се објаснети од етимолошки, етнолошки, граматички и историски аспект.

Промоторот, проф. д-р Јован Дамјановски, ја потенцираше монументалноста на трудот, и истакна дека во својата бујна размисла, авторот Дарко Гавровски најде разумна подлога во толкување на зборовите и поимите.

– Некои стари зборови од енциклопедијата ми прозвучија како рајски здив на младоста како зборови кои сме ги слушале и користеле во младоста. Оттука е и моето уверување дека не постои сила што ќе дозволи да исчезнат овие зборови од нашата меморија независно од тоа што може да се сретна некои различности со литературниот јазик. За оваа обемна работа му беа потребни години, но во него светеше некое кандилце со кое пребаруваше во орманите на македонската тетовска душа за да издржи човековиот неспокој во творечки немир, рече писателот Дамјановски промовирајќи го изданието.

Промоторот д-р Ивица Зориќ истакна дека авторот на мошне студиозен начин своите истражувања од 25 години систематски и методолошки начин ги уредува и пакува во продукт достапен за идните генерации.

-Умешно и лесно е достапен до поимањето до секој читател, го задржува неговото внимание и пројавува жед да не престане со читање, туку секој нареден поим го тера со посебно љубопитство да го осознае. Воедно, Дарко вично ја прави дистанцата на тетовскиот говор како специфичен и автохтон во однос на пропагандите од страна на соседните балкански земји во 19 и 20 век, истакна Зориќ.

Авторот Дарко Гавровски посочи дека 22 години се собирани овие зборови, но е работена со задоволство.

-Оваа книга е почната од татко ми во 1995 година како домашна занимација во тефтери да ги запишуваме старите тетовски зборови. Во тие тефтери се собраа 700 лафа, па да стигнат до над 9000 лафој. Почнав 1996 со интервјуа со стари тетовци, најстариот беше роден 1904 година. Жртва голема беше за мене работејќи на книгава, а ме чекаат дома, дали детето да играме, или родителите да се напиеме по една ракија, за да излезе на виделина. Мотивот е во тоа што минливоста на времето ме фасцинира. Тоа што предците го оставиле, тие приказни за нив претставуваат камчиња кои потоа ги собирам цели 22 години во еден мозаик. Истражувањата за предците е најчесливо и од Бога најблагословено. Направена е со ќеиф како должност кон предците за да остане за наредните генерааци, истакна Гавровски.

Ова енциклопедиско издание на 647 страници е збогатено со 350 фотографии и библиографија на 24 страници со 600 наслови на книги, стручна периодика, литература и разни други извори.

Би можело да ве интересира

Книга за арс-поетичките компоненти во творештвото на Блаже Конески

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Прилози за историјата на социолошката методологија“ од Петре Т. Георгиевски

Ана Ололовска

Промоција на збирката есеи „Интелектуалци, политика, култура“од Данило Коцевски

Ана Ололовска

Промовирана книгата „Скопски разговори” од Свето Стаменов и Милан Јазбец

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Скопски разговори“ од Свето Стаменов и Милан Јазбец

Ана Ололовска

Откажана промоцијата на „Скопски разговори“ на Свето Стаменов и Милан Јазбец

Ана Ололовска