Промовирана книгата „Скопски разговори” од Свето Стаменов и Милан Јазбец

Од:

Во Домот на култура „Илинден” беше промовирана книгата „Скопски разговори” на Свето Стаменов, политиколог, познат македонски новинар и публицист и проф. д-р Милан Јазбец, поранешен амбасадор на Република Словенија, припадник на првата генерација словенечки дипломати, универзитетски професор, писател и поет.

Промотори на книгата „Скопски разговори“ беа Милан Предан, амбасадор на Република Словенија во нашата земја, проф. д-р Трајан Гоцевски, универзитетски професор, министер за одбрана во првата влада на независна и суверена Република Македонија и актуелен член на Советот за безбедност, Раде Силјан, поет, есеист, литературен критичар и преведувач и Зоран Иванов, новинар и публицист, а со пригодна беседа се обрати градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски пред присутните истакнал дека културата е белег на нашето постоење и значаен симбол на културниот идентитет на секој народ. Затоа, за да се биде домаќин на еден ваков настан е привилегија, посочил, тој, како локална самоуправа, пишаниот збор да го доближиме до граѓаните.

– Во сферата на културата, како поддржувач и повеќегодишен учесник на меѓународната литературна манифестација „Илинден”, амбасадорот Милан Јазбец како поет кој има издадено повеќе од 50 свои книги, со својата заложба, со прагматичноста во спроведувањето на својата дипломатска мисија, со посветеноста и со енергијата, придонесе за културна размена и соработка во промовирање и истакнување на достигнувањата во литературата и уметноста во нашите две пријателски држави, како и на локално ниво во рамките на билатералната соработка, рече Стојановски, пренесува општинската прес-служба.

Градоначалникот Жика Стојановски на учесниците на оваа промоциј им додели посебни признанија за особен придонес во унапредувањето на културата и културните вредности.

Би можело да ве интересира

Книга за арс-поетичките компоненти во творештвото на Блаже Конески

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Прилози за историјата на социолошката методологија“ од Петре Т. Георгиевски

Ана Ололовска

Промоција на збирката есеи „Интелектуалци, политика, култура“од Данило Коцевски

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Скопски разговори“ од Свето Стаменов и Милан Јазбец

Ана Ололовска

Откажана промоцијата на „Скопски разговори“ на Свето Стаменов и Милан Јазбец

Ана Ололовска

Промоција на „Скопски разговори“ на Свето Стаменов и Милан Јазбец

Ана Ололовска