Промоција на збирката раскази „Приказни на тивок оган“

Од:

Издавачката куќа „Или-Или“ вечер од 20 часот во МКЦ Клуб ресторанот ќе ја промовира збирката раскази „Приказни на тивок оган“ од Светлана Камџијаш, која предава филозофија, естетика и етика на Педагошкиот факултет во Скопје.

Писателот Гоце Смилевски во рецензијата истакнува дека расказите се создадени со длабока мисла, широка емоција и висока ерудиција, со буен стил и прецизна структура.

– Нив авторката успеала да ги напише со онаа тешко остварлива виртуозност која подразбира да се раскаже флуидно она што е најтешко за искажување… Во тоа искажување на она што најчесто останува обвиено од молкот, Светлана Камџијаш тргнува од детаљот и стигнува до сепроникнувачка целина, започнува со мигот и го опфаќа животот. Авторката како да ги вткала во своите раскази сите уметности…, посочува Смилевски.

Книгата е 178 наслов во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“ и ќе ја претстават Соња Стојменска Елзесер и Ѓоко Здравевски, а извадоци ќе чита актерката Ана Костовска.

Светлана Камџијаш досега објавила книги од областа на философијата: „Ведите и Упанишадите – сликата на светот“, „Крајната слобода во философијата веданта“, „Од брегот на реката Ганг“ и „Шест Упанишади“, како и две поетски книги: „Чекори во летот“ и „Небо-индиго“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска