Промоција на „Вратничка енцикопедија“ од Душан Синадиноски и Стево Томоски

Од:

Книгата „Вратничка енцикопедија“ од Душан Синадиноски и Стево Томоски вечер ќе биде промовирана во ООУ „Симче Настовски“ во Вратница.

„Вратничка енциклопедија“ е заеднички труд на авторите Душан Синадиноски и Стево Томоски кои преку книгата сакаат да остават белег за се што се случувало во Вратница низ вековите, за нејзината богата и долга историја, постоењето и опстојувањето, обичаити, луѓето, традициjата и за потенцијалот што го има.

Книгата има 280 страници, а податоците се собирани повеќе од четири години во Вратница и во Америка каде има многу вратничани. Книгата содржи историски факти, фотографии податоци за говорот, топонимите, локалните јадења, луѓето кои придонеле за афирмација на Вратница, информации за минатото и сегашноста.

Делото е напишано на вратничко-долнополошки говор, што само по себе претставува негување и промоција на дијалектите на македонскиот јазик, а со тоа и негување на јазикот во целост.

Книгата ќе ја претстави д-р Бранислав Светозаревиќ, историчар и автор на многу книги, а осврт за важноста на вратничко-полошкиот говор ќе даде проф. д-р Веселинка Лаброска, научен советник и редовен професор во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.

– Книгата е спомен за нашите корени, за нашите предци и за нашите идни поколенија, ќе забележат авторите во предговорот на книгата.

Промоцијата ќе биде збогатена со културно-уметничка програма и со изложба на уметничкото, верското и културното наследство на Вратница.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска