Промоција на стихозбирката „Митологија на сонот“ од Влада Урошевиќ во Софија

Од:

Стихозбирката „Митологија на сонот“ од Влада Урошевиќ, која неодамна ја издаде бугарското книгоиздателство Ерго, вечер ќе биде промовирана во Софија.

Изборот и препевот на бугарски јазик е на поетот Роман Кисјов, а проектот е реализиран со поддршка на европската литературна мрежа Традуки.

Академик Влада Урошевиќ ќе биде претставен пред публиката во Софија од директорот на Културно-информативниот центар на РМ во Софија, Васко Шутаров, лауреатот на Струшките вечери на поезијата, бугарскиот поет и писател Љубомир Левчев, литературниот критичар и поет Јордан Ефтимов и преведувачот на делото Кисјов.

Одбрани стихови од стихозбирката на бугарски јазик ќе чита актерот Николај Урумов. Првата стихозбирка на академик Урошевиќ на бугарски јазик е издадена во 2006 година, а ова е негово второ дело кое ќе може да се најде во бугарските книжарници и пред читателската публика во Софија.

Промоцијата на стихозбирката се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска