Промоција на стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски-Цако

Од:

Во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар вечер од 19 часот ќе биде промовирана стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски-Цако, во издание на „Арс Либрис“.

Поетската книга содржи песни што тој ги пишувал во изминатите десет години и, како што наведува издавачката куќа, тие се парчиња од мозаикот што ја сочинуваат синтагмата „Јас сум Цако“. Во нив љубовта е централна тема – кон дедо му, семејството, неговиот идол Тоше, жените, природата, животот воопшто.

– Неговата поезија, како и сѐ она што го прави тој, се вистинска инспирација за лицата со попреченост. Песните се нежни и едноставни. Ги ниже како бисери, за секоја драга личност по една. Запишани се онака како што ги доживува, како лирски слики. Од нив извира чиста емоција од некој кој животот го живее со полни гради и чие мото е: човек кога е со љубов, ќе постигне повеќе, соопшти „Арс Либрис“.

Иако е роден со Даунов синдром, Александар Матовски-Цако бил вклучен во редовниот воспитно-образовен систем, а минатата година дипломираше на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, на групата предучилишно образование. Член е на здруженијата Инклузивни решенија КРИК и „Трисомија 21“ и веќе шеста година е автор на радиоемисијата „Јас сум Цако“ на интернет-радиото „Радио МОФ“.

Активист е и борец за човекови права и правата на лицата со посебни потреби и пред четири години имаше презентација на Светската конференција за лица со Даунов синдром во Обединетите нации.

Стихозбирката „Јас сум Цако“ е достапна во книжарниците „Литература.мк“, како и онлајн на www.literatura.mk.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска