Промоција на „Руска религиска философија“ од Трајче Стојанов

Од:

Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе биде промовирана тритомната студија на проф. д-р Трајче Стојанов – „Руска религиска философија“.

Книгите се дел од библиотеката Филозофија на издавачката куќа „Аз-Буки“, односно 70, 71, 72 издание од оваа најзначајна филозофска едиција во нашата земја.

Организатори на промоцијата се Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Филозофското друштво на Македонија и Издавачката куќа „Аз-Буки“. Проф. Д-р Трајче Стојанов е професор на Факултетот за образовни науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Настанот е поддржан од Амбасадата на Руската Федерација во земјава. Собирот ќе го поздрави рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.

Промотор на оваа студија на професорот на Факултетот за образовни науки на УГД, д-р Трајче Стојанов, ќе биде проф. д-р Ристо Солунчев.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Ана Ололовска