Во рамки на Фестивалот на европската книжевност „Букстар“ (BookStar) вечер во „Јавна соба“ ќе биде промовиран романот „Убиството во хотел Босфор“ на турско-германската писателка Есмахан Ајкол, која ќе гостува на промоцијата.
На македонски романот го објави организаторот на фестивалот – „Антолог“, во превод на Тулај Сејфула, со поддршка на програмата „ТЕДА“ на Министерството за култура и туризам на Турција.
„Убиството во хотел Босфор“ е првиот од серијата крими-трилери со ликот на Кати Хиршел, објавен во 2001, а по него и „Бакшиш“, „Сомнителна смрт“ и „Танго Истанбул“.
Романот е најчитан наслов во книжевниот центар „Антолог“ за 2016 година и авторката Ајкол ќе ја добие наградата „Букстар“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот на европската книжевеност.
Бестселерот на Есмахан Ајкол (1970) ќе го промовира писателот Владимир Мартиновски.