Промоција на романот „Но-Уи“ од Лидија Димковска во Варшава

Од:

Утре во Домот на литература во Варшава и на 24 мај во рамките на Меѓународниот саем на книгата ќе се одржи промоција на романот „Но-Уи“ од Лидија Димковска преведен на полски од Данута Ќирлиќ Страшинска, а објавен од издавачката куќа „Библиотека Слав“ од Варшава, Полска.

За книгата ќе зборуваат Лила Мороз Грзелак од Институтот за славистика при Академијата на науките на Полска која објави и интервју со авторката во книжевното списание „Книги“ и Пјотр Добролецки, главен уредник на книжевното списание „Книги“.

На промоција на книгата ќе зборува и преведувачката на романот, Данута Ќирлиќ Страшинска, која на полски го има преведено и романот „Скриена камера“ од Димковска, како и нејзината поетска збирка „pH неутрална за животот и смртта“ со која во 2016 година Димковска беше номинирана за полската награда „Европски поет на слободата“.

За романот „Но-Уи“ во полската книжевна јавност излегоа повеќе од десетина критики кои истакнуваат дека тоа е „мал, но голем, величествен роман“, „роман какви што се пишуваат се поретко, роман кој е мајсторски напишан“, „извонреден, прекрасен роман“, „роман кој го приморува читателот да размислува не само за судбината на ликовите, туку и за сопствената судбина“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска