Промоција на радио емисија „Средба со студентите по пијано“

Радио емисија „Средба со студентите по пијано“ ќе биде промовирана денеска на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје.

Снимена е од студентите од насоката за сонологија со мултимедија Викторија Додевска, Андреј Блажевски, Николче Витковски, Цветанчо Николоски и Никола Шешиќ, која ја раководат професор д-р Димитрије Бужаровски и вонредниот професор д-р Трена Јорданоска.

Промоцијата на радио емисијата ќе биде пропратена со документарно видео за овој проект. Во емисијата учествуваат со своја изведба и изјава студентите по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје: Марија Николовска од класата на доц. Кристина Светиева, Константин Хаџи Коцев од класата на проф. Тодор Светиев, Тодор Спанџов и Њомза Џафери од класата на доц. Кристијан Каровски, Томе Костовски од класата на проф. Ана Гацева, Ана Велиновска од класата на проф. Рита Трпчева-Поповиќ, Теодора Нарашанова од класата на проф. Зоран Пехчевски, и Горјана Стојановска и Иван Трајковски од класата на проф. Марија Ѓошевска.

Во емисијата се вклучени изведби на дела од Дебиси, Брамс, Скрјабин, Григ, Лист, Пуланк, Шопен, Сен-Санс и Балакирјев.

Радио емисијата и документарното видео по промоцијата ќе бидат достапни на страницата на архивот Бужаровски http://buzar.mk.

Би можело да ве интересира

Факултетот за музичка уметност – Скопје одбележува 52 години од основањето

Ана Ололовска

Концерт на студентите од ФМУ и Славица Галиќ Петровска

Ана Ололовска

Концерт во чест на Благој Цанев на 40. Денови на македонска музика

Ана Ололовска

„Орден за заслуги за Македонија“ за Факултетот за музичка уметност Скопје

Ана Ололовска

Концерт студентите од ФМУ по повод 75-години од раѓањето на композиторот Стојков

Ана Ололовска

Проекција на хрониките на ИРАМ за периодот 2001 – 2003 година

Ана Ололовска