Промоција на поетската книга „Љубавина“ на Ѓоко Здравески

Од:

Во рамки на фестивалот на европска книжевност „BookStar“ вечер ќе биде промовирана поетската збирка „Љубавина“ на Ѓоко Здравески, како дел од OFF програмата на фестивалот.

Како што најавуваат организаторите збирката ќе биде промовирана на еден необичен начин-како своевиден концерт на поезијата.

Ракописот „Љубавина“ од Ѓоко Здравески претставува збирка љубовна поезија од седумдесетина страници поделена во три циклуси. Во песните од сите три циклуси главно се пее за бестелесна љубов, за љубовта како премин, за љубовта како начин на постоење и како начин да се спознае светот.

Здравески е роден во 1985 година во Скопје, а дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Пишува пеозија, кратка проза и есеи. Има објавено три книги поезија. Преведуван е на десетина европски јазици.

Фестивалот „BookStar“е поддржан од Европската унија, Министерството за култура и амбасадите на Холандија и Полска.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска