Промоција на книгата „Тивко како молитва“ на Сузана Мицева

Од:

Во петок, 20.12 во Центарот за култура „Антон Панов“ Струмица ќе се промовира книгата „Тивко како молитва“ на Сузана Мицева“ во издание на Просветно Дело, а премиерно ќе се прикаже и поетскиот филм „Бегство“ .

Ова е четврта поетска книга на Мицева. Во неа се сместени 72 песни од двата ракописа „Молитвеник од претходниот живот“ и „Животот отаде границите“ кои минатата година беа во најтесниот избор на наградите Јован Котески и Ацо Караманов.

„Ова се песни за бегството (букално и метафорично). Создавани се во периодот кога активно ја следев бегалско – мигрантската криза. Некои се буквално пишувани на шините додека покрај мене минуваа реки луѓе. Тие слики од мене извадија нови приказни за човековата потреба да избега од сѐ кога може, и неговата нужност да избега од сѐ кога мора. Нешто како бегство за враќање кон себе. Затоа сум особено благодарна што има можност да се објават заедно, како што се напишани“, изјави Мицева.

Заедно со песните има и сосема кус, петминутен поетски филм за бегалската сага, што го изработи Кире Пиличев, во продукција на Тв Вис.

Мицева ги има добиено наградите „Антологија на болката“, меѓународната литературна награда за поезија „Лирични гласови“ за 2018 година во Софија-Бугарија и „Горан Бујиќ“ на хрватското книжевно друштво, Задар.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска