Промоција на книгата поезија „Крв и злато“ од Ендре Ади

Од:

Промоција на книгата поезија „Крв и злато“ од несомнено најголемото книжевно име на Унгарија во 20. век, Ендре Ади, ќе се одржи вечерва во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“.

Изданието е на „Матица македонска“, а се совпаѓа со одбележувањето на стогодишнината од смртта на Ендре Ади, во знак на почит на високите книжевни вредности. Поетската книга „Крв и злато“ содржи избор на стихови од Ендре Ади, на македонски јазик, во препев на македонскиот поет Паскал Гилевски.

Во неговата родна Унгарија годинава се организираат низа чествувања и научни собири, а ќе бидат објавени и критички изданија од богатото творештво на овој автор, со толкувања на врвни познавачи на неговото дело.

-Преку длабоките и емотивни пораки, создадени во духот на народната традиција, Ендре Ади воспостави јасни тематски релации, а народниот дух го воздигна на високо рамниште. Како поет на чистата и непосредна чувствителност кон љубовните и социјалните теми, во поезијата ја внесе лирската емотивност и чувствителност и ја афирмира самосвојноста на поетскиот глас“, се наведува за поезијата на унгарскиот поет.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска