Промоција на книгата „Окружието на Конески“ од Димитар Пандев

Од:

Книгата „Окружието на Конески“ од Димитар Пандев денеска ќе биде промовирана во Спомен-домот „Блаже Конески“ во селото Небрегово. Издавач на делото е Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“.

Како што информира Фондацијата „Небрегово“, во книгата Конески е претставен во редот на македонските великани на XX век, Крсте Мисирков и Кочо Рацин, меѓу светската лингвистика и славистика.

Преку македонските културни акции, како што се наведува, Конески имал главен збор во кодификацијата на македонскиот јазик, основањето на универзитетот, како и меѓу неговите најблиски соработници од областа на македонистиката, и пошироко, од македонската литература и културна историја.

„Окружието на Конески“ е работена на фонот на целокупното дело на Конески, на фонот на литературата за Конески, како и на македонистиката и општата лингвистика која кореспондира со творештвото за Конески.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска