Промоција на книгата „Нека играат децата“ од Денис Бојаров

Од:

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје денеска ќе ја промовира збирката раскази „Нека играат децата“ од младиот македонски автор Денис Бојаров.

Промоцијата ќе се одржи на платото на МКЦ од 20 часот.

На настанот ќе зборува македонска авторка Фросина Пармаковска.

„Нека играат децата“ е прва објавена книга на Денис Бојаров и претставува збирка раскази наменета за различни возрасни категории, која обработува социолошки, психолошки и филозофски теми поврзани со децата, со семејството, но и со човекот воопшто. Изобилува со автобиографски приказни, збогатени со имагинативната нарација, преку кои авторот воспоставува комуникација и блискост со читателот и му испраќа емотивни и моќни пораки.

Писателот Венко Андоновски за првенчето на Бојаров вели дека е вешто и мајсторски напишано и со префинет стил. -Се работи за поучни раскази што носат многу силна порака и што ќе ви послужат да ги стоплите односите во семејството, ќе ја разбудат емпатијата во вас, ќе ве потсетат, научат и освестат за вашиот однос и внимание кон децата, животните и природата, ќе ви овозможат да доживеете душевен ораториум, вели Андоновски.

Денис Бојаров е роден на 4 јуни 1987 година во Штип. Основното и средното образование ги завршува во Радовиш, а високото на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Во последните петнаесетина години живее во Скопје и активно работи како преведувач од турски на македонски јазик и обратно во здружението „Румели Чичеклери – здружение за наука и култура – Скопје“, лектор е по македонски јазик, држи приватни часови по македонски на странци и е еден од авторите на Дигиталниот речник на македонскиот јазик.

Во согласност со препораките за организација на вакви настани, ќе бидат испочитувани сите мерки за држење растојание, носење маски и дезинфекција.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска