Промоција на книгата „Луѓенца“ од Лилјана Пандева

Од:

Книгата „Луѓенца“ од Лилјана Пандева ќе ја има својата промоција на 17 мај, во 18 часот, во Култ Парк (пред КИЦ-Скопје).

dobivaj vesti na viber

Штотуку објавената збирка раскази на Лилјана Пандева е под наслов „Луѓенца“. Наслов што интригира составена е од седумнаесет раскази коишто обработуваат теми од секојдневниот живот на еден урбан простор, поточно на Скопје. Но темите се само подлога за стожерот на секој расказ, а тоа е обичниот, секојдневниот, незабележителниот, човек, што е тука околу нас, а никој не му обрнува внимание. А тој е гладен („Ронка леб), тој има ретко заболување („Виолетовата китица“, Homo lupo lupus est), тој живее во страв („Аспиратор“), тој се бори да преживее („Ноќниот чувар“, „Импланти и слични такви нешта“), потчинет е во семејството („Послушна жена“), се обидува да се вклопи во нова средина („Петра и Градоначалникот“), сака да биде разбран од околината („Аеродром“) итн.

Во оваа збирка раскази Лилјана Пандева ја преточува сета своја умешност во создавањето, односно во пресликувањето на реалност во фикцијата. Или обратно. Во нејзините раскази, особено во овие, реалноста и фикцијата се неразделни.

Книгата ќе ја промовира Владимир Мартиновски, модераторот на настанот Јулијана Величковска-Димоска, а делови од книгата ќе чита авторката.

Лилјана Пандева е родена 1964 година во Ново Село, Струмица, дипломирала 1989 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Потоа магистрирала на тема „Поетските фигури на формата во македонската книжевност меѓу традицијата и иновацијата“, а со со звањето доктор по филолошки науки се стекнува на Филолошкиот факултет при УКИМ со одбрана на докторската дисертација на тема „Адвербијализацијата во македонскиот јазик“.

Таа е автор на: Новогодишни едночинки, книга за деца; на поетската збирка Љубов од А до Ш; на збирката раскази Канцелариски колумни; на романите Од агендата на Калина Калин, Возовите на Луцерн (преведени на германски јазик), Доилката (добитник на наградата за најдобро прозно остварување „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2016 година, кој е преведен на српски јазик и на руски јазик). Добитник на две откупна награди за краток расказ на „Нова Македонија“.

Нејзиното најново прозно остварување е книгата Дневници на една љубов, во издание на ПНВ Публикации во 2019 година. Во 2020 го објавува романот „Два Божика“, во 2022 година збирката раскази „Заорани“, а во 2022 година збирката раскази „Луѓенца“. 2021 година е добитник на Првата награда за најдобар кус расказ што традиционално ја доделува „Нова Македонија“ за расказот „Ронка леб“ објавен во збирката раскази „Луѓенца“, како и на Наградата „13 Ноември“ од областа на културата што ја доделува Град Скопје. Инаку, за оваа награда Лилјана Пандева беше предложена токму од КИЦ – Скопје.

Би можело да ве интересира

Историскиот роман „Се викам црвена“ од Орхан Памук излезе од печат во издание на „Арс Ламина“

Ана Ололовска

Објавена „Алгоритмеа“, прва поема „напишана“ од вештачка интелигенција според стилот на Стефан Марковски

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Глава што лебди“ од Марија Ангеловска

Ана Ололовска

Излезе книгата „Јазикот е чудна ѕверка“ на Марина Костова

Ана Ололовска

Претседателот Пендаровски ја прими добитничката на наградата „Роман на годината“, Симона Јованоска

Ана Ололовска

Промоција на раскази од Калина Малеска

Ана Ололовска