Промоција на книгата „(И)стории од долапот – избор од македонската народна еротика“

Од:

Промоција на книгата „(И)стории од долапот – избор од македонската народна еротика“ која ја подготви и за која напиша предговор Ана Мартиноска, издадена од Kнигоиздателство Ми-Ан ќе се одржи денеска во паркот пред КИЦ-Скопје.

Во книгата се презентирани македонски еротски приказни, песни, гатанки и пословици, со исцрепен предговор на проф. д-р Ана Мартиноскa.

– Книгата е значаен придонес во македонската фолклористика и претставува осветлување на овој не многу истражуван феномен од народната традиција, посочуваат од КИЦ-Скопје.

Книгата ќе ја промовираат, Лорета Георгиевска Јаковлева и Мишел Павловски, а извадоци од книгата ќе чита Предраг Павловски.

Ана Мартиноска (Скопје, 1972) е професорка, научничка во областа на фолклорот, литературата и културата, колумнистка на родови и културолошки теми, феминистка и активистка за родова рамноправност.

Учествувала со самостојни прилози во бројни национални и меѓународни научно-истражувачки проекти, како и ја голем број научни конференции и симпозиуми. Реализирала повеќе научни и стручни престои, од кои се издвојува докторскиот престој на Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија во 2004.

Мартиноска ги има објавено книгите: „Поетиката на македонските народни гатанки” (2002), „Голиот на гости – Антологија на македонскиот еротски фолклор” (2007), „Митот и ритуалот во македонскиот фолклор – релации и проникнувања” (2008), „Конески и фолклорот“ (2012), „Културни парадокси (Родот, етницитетот и идентитетот во фолклорот и литературата)“ (2014), „Културна фабрика (Огледи за родот, градот и популарната култура)“ (2018) и „(И)стории од долапот: Избор на македонска народна еротика“ (2020).

Би можело да ве интересира

„Невидливата борба“ и „Моќта на името“ две нови книги на Издавачката дејност„Св Ѓорѓи Полошки“ при Епархијата Повардарска

Ана Ололовска

Романот „Мрежата на Мамли“ на Блаже Миневски објавен во Србија

Ана Ололовска

Драми на Венко Андоновски на руски

Ана Ололовска

Промоција на „Трамонтана“ – прв роман на Наташа Сарџоска

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Несоници“ од Ерол Туфан

Ана Ололовска

Книга за арс-поетичките компоненти во творештвото на Блаже Конески

Ана Ололовска