Промоција на книгата „Енциклопедија на македонски имиња“

Од:

Книгоиздателството МИ-АН вечер од 19 часот во Дом на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежници) ќе промовира „Енциклопедија на македонски имиња“ од архимандрит Иринеј Стефановски. Во книгата се опфатени две илјади имиња и за секое е наведено неговото потекло, значење и толкување.

-Значењето, првенствено, се открива етимолошки, според зборот од каде што доаѓа името. Толкувањето е дадено кај оние имиња чие значење ја надминува буквалната смисла на зборот или зборовите од кои е составено. Словенските имиња се поврзани со нивните пандани во другите јазици – откривањето и објавувањето на таа врска е значајно од јазичен, историски, книжевен и од културолошки аспект, соопшти МИ-АН.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска