Промоција на книга од Митрикески

Од:

Во рамките на престојниот Интернационален фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ ќе биде промовирана книгата „Теорија и практика на документарниот филм”, која ја потпишува филмскиот режисер Антонио Митрикески.

Овој труд се насочува кон теоријата на документарниот филм и нејзината практична примена во филмската продукција. За таа цел, Митрикески прави анализа на документарната филмографија на тројца автори: Казимиеж Карабаш (роден 1930, Полска,), Столе Попов (роден 1950, Македонија), и Мајкл Мур (роден 1954, САД).

Изборот на овие автори е направен затоа што и тие самите, оттука и нивните дела, сосема евидентно потекнуваат од различни културни и историски контексти, но и од различни временски (стилско-формативни) периоди. Преку анализата на нивните дела се дава прецизна детерминација на клучните естетски начела, врз кои се заснова документарниот филм. За потребите на овој труд направени се повеќе истражувања со цел да се собере потребниот материјал и да се направи неговата соодветна анализа, во која се разгледуваат и толкуваат карактеристиките на одредени документарни филмови од наведените автори.

Доживувајќи го и објаснувајќи го филмското, кинестетското и филозофското во своето дело, авторот нуди несомнено учебно помагало. Тој, елаборирајќи го значењето на Карабаш во една епоха, на Попов во друга и на Мур во трета епоха, на одреден начин ни претставува историска парадигма за тоа како се развивала документаристиката во Источна Европа и во Америка.

„Размислував долго и се прашував зошто да го напишам овој теоретски труд? Филмот во практика, односно режирањето е мојата голема љубов и животна едукација. Верувам дека и кај најголем број од филмските режисери постои немир, творечки нагон кој ги води да прават филмови. Си го поставувам прашањето, од каде оваа желба, овој порив да работам на оваа тема? Можеби беше некакво бегство, потреба да се најде некој мир во науката, книгата, во понирањето во длабочината на теоријата и практиката на документарниот филм. За време на моите студии во државната филмска школа во Лоѓ, Полска, имав афинитет, работев и реализирав поголем број документарни филмови. Тој афинитет го продолжив и понатаму со моите долгометражни играни филмови. Играниот филм потекнува од документарниот. Да се потсетиме на зборовите на големиот мајстор на неореализмот, режисерот Роберто Роселини „Филмот дава сведоштво за епохата“, вели Митрикески.

Антонио Митрикески е искусен режисер. Тој во македонската кинематографија контрибуира со повеќе документарни и играни филмови. Неодамна заврши со снимањето на неговиот последен долгометражен игран филм „Деца на сонцето“. Едновремено, своето практично и уметничко сознание за филмското творештво, долги години им го пренесува на студентите на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Би можело да ве интересира

Со концерт на Владимир Четкар, во Битола завршува фестивалот „Музика од светот“

Ана Ололовска

Фестивал „Оро брз граници“: Виртуелна игра и дружба на деца од осум држави

Ана Ололовска

Програмата на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово редизајнирана согласно новите протоколи

Ана Ололовска

Охридски староградски средби по 32 пат

Ана Ололовска

Надминати проблемите во културата, платите ќе почнат да се исплаќаат

А1он

Владата има обезбедено пари за културните работници, плата нема поради раководителите на културните институции

Искра Манојлоска

Leave a Comment

two × 3 =