Промоција на книга и изложба на карикатури во Кочани

Од:

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа се одржа Вечер на македонскиот афоризам и карикатура.

Беше отворена изложбата на карикатури на Никола Ангелкоски, член на Македонската афористичка репрезентација, која прикажува треиесетина дела од неговата понова продукција, поради што побуди голем интерес кај публиката.

Пред присутните беше промовирана и најновата збирка на афоризми на македонскиот афористичар Витомир Долински од Струга под наслов „Крематориум за бесмртни“.

Во рамки на Вечерта, Здружението на граѓани Афористичка репрезентација на Македонија го одржа своето второ редовно годишно собнрание на кое за претседател беше реизбран афористичарот од Кочани Јане Атанасов.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“