Промоција на графичкиот роман „Во Италија сите се мажи“

Од:

Издавачката куќа специјализирана за стрип „Бункер“ вечер од 19:30 во „Јавна соба“ ќе го промовира графичкиот роман „Во Италија сите се мажи“ од Лука де Сантис и Сара Колаоне, кој раскажува за прогонот на хомосексуалците во времето на фашистичка Италија под Мусолини.

Околу 300 хомосексуалци помеѓу 1938 и 1943 година биле интернирани на еден остров во јужна Италија. Бидејќи не постоела законска одредба со која би се оправдала таквата мерка, одлуката била спроведувана од страна на локалните полициски управи и сè се случувало во огромна дискреција и далеку од очите на јавноста, без судии, адвокати, новинари.

Насловот на романот е земен од изјава на Мусолини, според кого во Италија немало потреба од воведување закон против хомосексуалците, по теркот на нацистичка Германија, затоа што во Италија нема хомосексуалци. Таму живеат само „вистински“ мажи.

Графичкиот роман, кој вечер ќе го промовираат проф. д-р Мирјана Најчевска и Џабир Дерала, ја освои наградата за најдобар стрип на годината на неаполскиот Комик-кон во 2009 година и е преведен на повеќе јазици. Македонскиот превод е прво издание во регионот.

Би можело да ве интересира

„Трамунтана“ од Шпанија ја објави сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Нека играат децата“ од Денис Бојаров

Ана Ололовска

Вкупно 33 апликации на конкурсите за млад и зрел уметник што ги објави Националната галерија на Македонија

Ана Ололовска

Работилници за мозаик со уметникот Никола Упевче отворени во Охрид

Ана Ололовска

Објавена книгата урбани есеи „Медиумот што недостасува“ од Томислав Османли

Ана Ололовска

Славој Жижек: Влеговме во војна со „Пандемија“ и идеите дека ќе заврши набрзо се утопистички

Ана Ололовска