Промоција на дваесет и два романи од академик Божин Павловски

Од:

Македонската академија на науките и уметностите и Матица македонска, на 22 септември 2022 година, во 12 часот во мултимедијалниот културен центар Матица ексклузив во Скопје, ќе ја промовираат колекцијата од дваесет и два романи од академик Божин Павловски. Со овој издавачки потфат се одбележуваат два јубилеи на авторот: 80 години од раѓањето и 60 години плодно творештво.

dobivaj vesti na viber

Романите на овој познат македонски писател се преведени на: англиски, француски, грчки, албански, италијански, руски, турски, полски, чешки, словачки, шветски, словенечки, бугарски, српски и др.

За богатиот романескнен опус на Божин Павловски и за неговата повеќе децениска општествена и културна мисија ќе говорат академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ и Гоце Смилевски, наш врвен романсиер и есеист.

Академик Павловски е добитник на меѓународните признанија: Интербалканската награда за книжевност во Грција, Интернационалната награда “Екселзиор” за унапредување на европската проза во Романија, Меѓународната награда “Арка” во Србија, како и двете признанија од времето на Југословенските Федерацијата: наградата “Железара Сисак” во Хрватска и наградата “Младост” во Србија.

Добитник е на националните награди: Рациновото признание, “Стале Попов”, “Кочо Рацин” и “Духовен воин”.

Во 2008 година му беше доделена највисоката државна награда “11 Октомври” за животно дело во уметноста.
За неговото творештвото се објавени бројни есеи во повеќе земји, како и пет книги со критички –есеистички толкувања.

Во исто време со овој издавачки потфат на МАНУ и Матица, Грифин Прес во Австралија на англиски јазик, во редакција на Бредли Досон, ги објави романите на Павловски во печатена верзија, додека глобалниот издавач Киндл Букс ги презеде за дигиталниот пазар.

Би можело да ве интересира

Броња Жакељ ќе го промовира романот „Бело се пере на деведесет“ во Скопје

Ана Ололовска

Промоција на романот „Водена приказна“ од Александар Кукулев во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“

Ана Ололовска

Бранко Росиќ во Скопје го промовира романот „Доаѓањето на матадорот“

Ана Ололовска

Книгата „Човечулец“ од Александар Прокопиев на Единаесеттата Европска Ноќ на Литературата

Ана Ололовска

„Ако го сакаш Скопје – дојди, ќе те чекам на кејот“ од Данило Коцевски

Ана Ололовска

Или-Или ја објави првата збирка раскази на младиот македонски писател Стефан Алијевиќ

Ана Ололовска