Промоција на дигитално реставрираните филмови на режисерот Ценевски

Од:

Кинотеката денеска напладне ќе промовира ДВД-издание на дигитално реставрираните играни филмови на режисерот Кирил Ценевски – „Црно семе“, „Јад“, „Оловна бригада“ и „Јазол“.

–Кирил Ценевски по многу параметри е единствена појава во македонската кинематографија. Контроверзноста слободно може да фигурира како негово средно име. Уште со првиот филм, „Црно семе“, ги освои не само најбитните награди на фестивалите во тогашна Југославија, туку е и прв македонски игран филм кој учествувал и бил наградуван на интернационални филмски фестивали, соопшти Кинотеката.

На промоцијата ќе присуствуваат и познатиот српски актер со македонско потекло Лазар Ристовски и македонската актерка од Хрватска Костадинка Велковска.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето