Прогласени наградените на кривопаланечкиот Меѓународен конкурс за карикатура

Од:

Стручна жири комисија од еминентни македонски и странски карикатуристи ги прогласи годинашните добитници на награди на Меѓународниот конкурс за карикатура на тема „Мажот како колатерална штета во односот снаа-свекрва“ кој се организира трета година по ред во Крива Паланка.

Конкурсот е авторски проект на Стојанче Величковски, а се организира во соработка со општина Крива Паланка како придружна манифестација на возобновената традиција на „Поклонение на свети Теодор Тирон“ во црквата во село Конопница.

Жири комисијата во состав Стојанче Величковски, автор и координатор на конкурсот, Ала Георгиева карикатурист од Бугарија и Наташа Костовска, карикатурист од Македонија, како и градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски и директорот на ЛУ Градкси музеј Крива Паланка, Драган Величковски ги разгледуваше пристигнатите 180 карикатури од 74 автори од 26 земји од светот.

– Прва награда освои Дарко Дрљевиќ од Црна Гора, кој добива 250 долари и трофеј/ маскота „Невестулка“, втора награда Макхмудјон Ешонкулов од Узбекистан кој добива 200 долари, а третото место со награда од 150 долари му припадна на Андреј Попов од Русија.

Плакета за најдобра колекција освои Владимир Казаневски од Украина, информира Стојанче Величковски, автор на конкурсот.

Бладодарници за особено успешни карикатури добија дваесет автори чии дела влегоа во најтесниот избор по селекцијата на најдобри 100 карикатури.

-Најдобрите 100 дела и годинава ќе бидат претставени на изложба која ќе го навести годинашното невестинско поклонение што ќе се одржи на 20 март, изјави градоначалникот Алексовски, додавајќи дека конкурсот од година во година привлекува се поголем број познати светски карикатуристи.

Мислам дека има интересни дела, бидејќи темата не е воопшто лесна, се твори на тема меѓучовечки односи кои секој го преживува, но не секој сака да ги претстави сликовито. Убаво е што сликите се безтекстуални, што е основен услов на конкурсот и има интересни дела, изјави Ала Георгиева, карикатурист од Бугарија.

Наташа Костовска, карикатурист до Македонија рече дека е изненадена од присуството на врвни светски карикатуристи на овој конкурс што го прави многу престижен.

-Квалитетот на карикатурите е одличен, светски автори се во прашање, тешко беше да се избере кој ќе ги понесе највисоките признанија, рече Костовска.

Поради својата уникатност конкурсот лани беше дел од националната програма за култура.

Би можело да ве интересира

Битолскиот карикатурист Блаже Докуле награден во Сеул

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за 21. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

Ана Ололовска

Карикатура во „Ла Република“: Жените со препреки, а мажите лесно во кариерата

Во Крива Паланка изложба од 4-ти Меѓународен конкурс за карикатура

Ана Ололовска

Меѓународен конкурс за карикатури, афоризми и хуморески

Ана Ололовска

На Меѓународниот конкурс за карикатура во Крива Паланка пристигнале 180 дела

Ана Ололовска

Leave a Comment

eleven − seven =