Проектот „Култема“ на Интернационалниот саем за туризам во Белград

Од:

Проектот „Култема” – Културната вредност во интерес на одржливото територијално управување и маркетинг ќе биде претставен на Интернационалниот саем за туризам во Белград, каде  утре и задутре ќе се одржи состанок на Работната група за одржливост и транснационални договори на проектот.

„Култема“ е проект од меѓународен карактер во кој Министерството за култура на Република Македонија активно учествува заедно со уште девет земји од Југоисточна Европа. Проектот има вкупно седумнаесет проектни партнери, а водечки партнер е регионот Венето од Италија. Во Република Македонија овој проект се спроведува на територијата на регионот Дебар-Река.

Заедничкото претставување на партнерите на проектот ќе биде на штандот на Министерството за култура и информации на Република Србија кое, како ИПА-партнер, ги покани сите проектни партнери да го претстават својот регион кој е предмет на интерес.

На Интернационалниот саем за туризам во Белград Министерството за култура на Република Македонија ќе ги претстави културно-историското богатство и туристичките потенцијали на регионот Дебар–Река и ќе ги објасни улогата и активностите на Министерството како партнер во проектот „Култема”. На саемот ќе биде презентирана и брошурата за проектот и регионот Дебар–Река со културно-историските споменици.

„Култема” успешно се имплементира во Македонија од октомври 2011 година, а ќе трае до октомври годинава. Проектот е поддржан од Советот на Европа, а е финансиран преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) од страна на Европската унија.

– Стратегијата на проектот е согледување и промовирање на културното наследство како фактор за економски развој, а главната цел е да се зголеми вниманието за атрактивноста и економскиот потенцијал за инвестирање во културното наследство. Идејата е тоа да се постигне преку зајакнување на институционалните капацитети во областа на културното наследство и да се спроведат иновативни модели на управување, соодветни за намалување на административните, општествените и економските бариери меѓу културното наследство и потенцијалните инвеститори, соопшти македонското Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ