Проект за промоција на регионалната музичката сцена во „Јавна соба“

Од:

Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ почнува со новиот регионален проект за развој на џез сцената во регионот „Show Room“. Секој петок на репертоар е концерт на реномирани џез музичари од Македонија и регионот кои ќе настапуваат пред публиката во „Јавна соба“.

„Show Room“ е отворена музичка програма, концерти во живо, со содржини креирани од музичарите од македонската и регионалната џез сцена, која има за цел да го претстави музичкиот потенцијал преку индивидуална интерпретација на стилови, концепти и артисти.

На првото издание, в петок во 21 часот ќе настапат Кирил Кузманов – саксофон, Трајче Велков-труба, Филип Димишковски-клавијатура, Кирил Туфекчиевски – бас и Виктор Филиповски – тапани.

„Zing Project“ и „M Jazz Session“ ќе имаат концерти на 23 и 30 декември. Ќе ги изведуваат евергрините на македонската џез/поп ера, од 50-тите години до денес.

На 14 јануари 2017 година концерт ќе одржи познатиот српски џез квартет Милан Петровиќ, со што ќе почне и регионалната размена. Во рамки на „Show Room“ предвидено е гостување на „Fiеrce“ од Скопје во „Мikser House“ во Белград во март 2017, како и настап на македонски бендови на џез фестивали во регионот.

Музичарот и програмски уредник во „Јавна соба“ Марко Василевски потенцира дека станува збор за џез музичари и групи кои негуваат различни џез поджанрови, каде селекција е базирана исклучиво на квалитет на авторите.

– Сакам да се приближиме до основната идеја, прогресивен современ звук во кој и публиката и музичарите ќе уживаат, изјави Василевски.

Влезот на сите настани во „Јавна соба“ е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска