Проекција на краткометражни филмови од режисерот Агим Абдула

Од:

Во четврток (20.06.2019) со почеток во 19:00 ч. во Џебното кино во Младински Културен Центар – Скопје ќе се одржи проекција на краткометражните филмови „Одлука“ и „Почетокот“, во режија на Агим Абдула и продукција на Galaktika Pictures.

По проекцијата, Гледај.мк (неформалниот колектив за театарска и филмска критика) организира дискусија со режисерот Агим Абдула и продуцентот Бунјамин Куртиши.

Синопсис на „Одлука“: Еден млад човек е приморан да донесе одлука: да го направи претходно договореното криминално дело или да спаси нечиј живот?

Синопсис на „Почетокот“: Светот со полн со лаги и измами. Луѓето не се сигурни дали тоа што го гледаат е реално или замислено, а реалноста е сосема поинаква. Дали смртта е крајот или почетокот?

Повеќе информации има на настанот. Влезот е слободен за сите заинтересирани.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“